Западна Македонија е специфична по тоа, што тука се наоѓаат најголемите планински масиви
Шар Планина и Бистра, а со тоа и најатрактивните зимски рекреативни центри,
Маврово, Попова Шапка ...Покрај зимските, во овој регион се наоѓаат и најголемите летни туристички места:
Охрид, Струга и Преспа. Овие, континуирано надградувани, разубавувани и модернизирани туристички локации, се преплавени од многубројните туристи од целиот свет.
На овие простори со векови сложно живеат Македонци, Албанци, Турци и други националности.
Дојдете и пробајте ги неодоливите вкусови на локалните специјалитети, од кои како уникатен примерок е
Охридската пастрмка.