tel. +385 (0)52 816 122

Pon-Pet: 08.00-16.00 — Sub: 08:00 - 13:00

Струмица

Струмица е лоцирана во југо-источниот дел од Македонија. Со вкупна популација од околу 100.000 жители, со сите околни населби, Струмица е најголемиот културен и економски центар во овој дел. Старото име на градот, Астраион во превод би било градот под ѕвездите. Чисто небо покриено со ѕвезди. Градот е познат по Царевите Кули. Тврдината е подигната на еден рид, југоисточно од градот. Интересено, ова претставува најстариот доказ на цивилизација пред Римската Империја. Многу различни култури се одгледувани на ова подрачје како тутун, кикиритки, домати, пиперки, краставици и анасон, кое е ретка култура која се користи за производство на многу популарната МастикаМакедонско виски. Овде е многу развиена и текстилната индустрија, прехрамбената и дрвната индустрија. Струмица го снабдува поголемиот дел од Македонија со квалитетен мебел. А исто така и извезува низ цела Европа.
Едно од најпознатите историски места е црквата Свети Леонтиј – Водоча, која датира од 11 век. Легендата вели дека овде, во време на Византијскиот император Васил II, 14 000 војници биле ослепени. Денес во овој манастир живеат монаси. Додека во другиот манастир, Елеуса, кој се наоѓа близу, живеат монахињи. За среќа фреските во манастирот Свети Леонтиј се добро сочувани.
Едно од најпознатите случувања во Струмица е карневалот, кој е остаток од паганските традиции. Оваа манифестација се одвива секоја година околу тримери. Струмица е членка на FECC – Федерацијата на Европски карневалски градови. На само 15 километри од Струмица, се наоѓа Бања Банско, со минерални води кои се најжешки (75ºC) и најлековити во Македонија. Остатоците од Римските и Турските бањи се многу добро сочувани.

Фото албум

  • Струмица 1
  • Струмица 2
  • Струмица 3
  • Струмица 4
  • Струмица 5
  • Струмица 6