Сараево е главен град на Босна и Херцеговина и истовремено најголем административен, културен и образовен центар.Брои околу 300 000 жители. Градот е сместен во Сараевското Поле и се наоѓа на 500m надморска височина. Градот е опкружен од
планините Требевич, Игман, Белашница и Јахорина.
Реката Милјачка тече низ градот, а после заедно со реките Железница, Жујевина, Добриња, Вогошка и Мишочка се влева во реката Босна. Сараево има долга историја и традиција во опстанокот и напредокот за време на различни луѓе, религии и култури, со многу духовни и културни објекти. Можеме слободно да го наречеме
Европски „Ерусалим“ . Во центарот на стариот град, на оддалеченост од 500 м, може да се види религиозно место за четирите монотеистички религии: Гази-Хусрев-Бегова џамија, Катедралата, Православната црква и Еврејската Синагога. Сараево е град со панорамско минато измешано со модерен урбанистички план. Низ вековите изградбата и развојот, културата и креативноста го прават градот она што е денес. Град исполнет со љубов, младост, толеранција, уметност, спорт, олимписки мир, град кој ги испреплетува сите вкусови и сечии потреби.