Охрид е македонска историска ризница. Со
Охридското езеро, Самоиловата тврдина, бројни историски и културни споменици од сите историски периоди, со Светите
Кирил и Методи, со кирилското писмо, што тие му го подарија на човештвото,
фреските, и иконите, охридската старогратска архитектура,
резбата и филигранот, охридскиот бисер и се што овој град носи со својата древност, претставува
туристички интерес и доживување од највисок ранг.