tel. +385 (0)52 816 122

Pon-Pet: 08.00-16.00 — Sub: 08:00 - 13:00

Македонија

Македонија
Географски, Македонија со својата местоположба завзема стратешко место во Југоисточна Европа и централно место на Балканскиот Полуостров. Сместена на површина од 25.713 км2 и со популација од 2.015.000 жители. Македонија обилува со многу шуми, пасишта и обработлива земја. Најдолгата река е Вардар, со нејзините 388 км. должина, од коишто 301 км. и припаѓаат на Македонија. езерата се исто така дел од Македонските национални убавини. Во летниот период Охридското езеро, Преспа и Дојран привлекуваат најголем број на посетители. И не само во лето, нашата мала и гостопримлива земја нуди рекреативни центри и во зимскиот период. Главните зимски одморалишта се лоцирани на Пелистер, Шар Планина, Маврово и Бистра. Високо рангираните хотели, ски патеките и ски лифтовите се вистински предизвик за секој вљубеник во скијањето.
Македонија е исполнета со културни богатства. Словенската азбука, Кирилицата е создадена во Македонија, каде Македонските просветители Кирил и Методиј, Климент и Наум, одиграа огромна улога во ширењето на христијанството.

Фото албум

  • Македонија 1
  • Македонија 2
  • Македонија 3
  • Македонија 4
  • Македонија 5
  • Македонија 6
  • Македонија 7
  • Македонија 8
  • Македонија 9
  • Македонија 10
  • Македонија 11
  • Македонија 12