Географски,
Македонија со својата местоположба завзема стратешко место во
Југоисточна Европа и централно место на
Балканскиот Полуостров. Сместена на површина од 25.713 км2 и со популација од 2.015.000 жители. Македонија обилува со многу шуми, пасишта и обработлива земја. Најдолгата река е
Вардар, со нејзините 388 км. должина, од коишто 301 км. и припаѓаат на Македонија. езерата се исто така дел од Македонските национални убавини. Во летниот период
Охридското езеро,
Преспа и Дојран привлекуваат најголем број на посетители. И не само во лето, нашата мала и гостопримлива земја нуди рекреативни центри и во зимскиот период. Главните зимски одморалишта се лоцирани на Пелистер, Шар Планина, Маврово и Бистра. Високо рангираните
хотели, ски патеките и ски лифтовите се вистински предизвик за секој вљубеник во скијањето.
Македонија е исполнета со културни богатства.
Словенската азбука, Кирилицата е создадена во Македонија, каде
Македонските просветители Кирил и Методиј, Климент и Наум, одиграа огромна улога во ширењето на
христијанството.