Источна Македонија обилува со прекрасна природа, рудни богатства и прекрасен народ. Тука е сместена најголемата низина
Овче Поле. Од тука произлегува познатото
овчеполско сирење. Овој регион, на исток граничи со Бугарија. Населението е претежно Македонско, но сепак има и многу мал дел Турци и Власи.
Овде поголеми градови се:
Струмица, Штип, Куманово, Кочани, Берово, Гевгелија и други. Овде Куманово остава најголем впечаток по својата големина, но незамисливо е да не се посетат Струмица, со
карневалите и најдобриот
ноќен живот и Берово со
Беровското езеро, како познато туристичко место, со посебна природна убавина. Овде се сместени многу
хотели и викенд куќи, направени за пријатен престој.