Хрватска, со главен град Загреб, е сместена на раскрстот на патиштата кон средна Европа и Средоземието. Обилува со природна убавина, богата култура и традиција. Влијанието, на медитеранската култура, бројните споменици од времето на антиката, стариот Рим и раниот среден век и цела низа на сочувани карактеристично медитерански урбани целини, културолошки го одредуваат брегот на Хрватска.
Континенталниот дел на Хрватска е дел на Средноевропскиот културен круг, па има бројни предисториски наоѓалишта од светска важност, стари градови,тврдини и дворци од касниот среден век, како и културни споменици и градби од времето на Барокот.
Хрватска е прекрасна земја на медитерански градчиња, недопирна природа, многу островчиња и незаборавно убави национални паркови. Гостопримливи луѓе, топло, чисто и плаво море, убави градови, идилични села се сон на секој човек.