Фото галерија
Црна Гора од една страна излегува на Јадранското Море а од другата страна се поврзува со Средна Европа. Иако навидум мала земја, со околу 200 км. воздушна линија, сепак може да се издвојата три области:
Приморска област (Црногорско Приморје),
Средна Црна Гора и
Планинско-Долинска област. Со своите природни знаменитости и културно историски обележја, Црна Гора претставува прекрасна туристичка дестинација. На Црногорското приморје сместени се многу
песочни плажи. Оваа област спаѓа во редот на најтоплите и најсончевите плажи во цела Европа. Иако спаѓа во медитерански земји, Црна Гора претставува и типично планинско подрачје. Околу 60% од просторот е покриен со простори над 1000 м. надморска височина. Планински венци, величествени кањони и 35 живописни езера ја прават Црна Гора една од најатрактивните и еколошки најсочуван планински предел во Европа.
Стариот град Котор и кањонот Тара се извонредни вредности и под заштита на УНЕСКО. Постојат четири национални паркови, сочувани природни резервати:
Дурмитор, Белградска Гора, Скадарско Езеро и Ловчен.
Exchange rate - 05.07.08.
| AUD | 1 | 4,437461 |
| CAD | 1 | 4,540736 |
| CZK | 1 | 0,305108 |
| CHF | 1 | 4,495613 |
| GBP | 1 | 9,135917 |
| USD | 1 | 4,608383 |
| EUR | 1 | 7,238387 |